Најмалку 75 осуденици, повеќето од нив членови на озлогласена бразилска криминална група, избегале од затвор во пограничен град во Парагвај, по што веднаш е сменет управникот на затворот.
Од истрагата соопштуваат дека е откриен е тунел, кој осудениците го ископале за време на операцијата за која се претпоставува дека знаеле затворските службеници. Во ќелиите биле пронајдени скоро 200 вреќи полни со земја.
„Невозможное никој ништо да не видел целото тоа време. Ова не се случило за еден ден или една ноќ“, изјавила министерката за правда Сесилија Перес.
Освен управникот на затворот, отпуштени биле и уште шест затворски службеници, пренесуваат агенциите.