Се будат заспаните ќелии на ВМРО во администрацијата обвини министерот Димковски – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/20 9:12 PM

Се будат заспаните ќелии на ВМРО во администрацијата обвини министерот Димковски

Синоќа дополнителниот заменик министер, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги посетија земјоделците во источниот регион. Додека заменскиот министер ја критикуваше земјоделската политика, министерот „удри“ по однесувањето на функционерите од ВМРО ДПМНЕ и нивното сфаќање на функионирањето на техничката влада.

Министерот Трајан Димковски од редовите на СДСМ денеска од Кочани  рече „се разбудија партиските ќелии од редовите на ВМРО ДПМНЕ во администрацијата“. Тој обвини дека заменскиот министер Цветан Трипуновски и другите членови на техничката влада занемарија дека се внатре во финкција на организирање на изборите.

-Се вадат документи без да се каже како е дојдено до нив. Токму заменскиот министер оди по институции и се бараат луѓе на кои не им се исплатени субвенции од 2015 и 2016 година, во време кога тие можеа многу бргу да го решат сето тоа. Се злоупотребуваат поединци на кои им се ветува дека таа работа може лесно да се заврши. Тие избегаа од матрицата, односно од следењето дали има одредени неправилности во спроведувањето на изборниот процес, сето тоа го занемарија и се одлучија за притисок врз институциите. Се мавта со одредени документи без да се проверат и се гледаат делови во кои може само да се наштети, со цел да прикажат дека немаме постигнато резултати, изјави министерот Димковски.

Забелешки на начинот на делењето на државното земјиште добил техничкиот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, кој вшера попладне се сретна со земјоделците од Општина Карбинци.

-На мои три прашања, а првото прашање беше дали изминатите три години имало распределба на земјоделско земјиште на оваа територија, од мештаните бев информиран дека речиси и да нема, а она што нив најмногу ги мачи е очекуваат да имаат земјиште, за да произведуваат. На второто прашање, дали во изминатите три години се инвестирало во системите за наводнување во овој регион и земјоделските површини да бидат покриени со наводнување, исто така добив негативен одговор од страна на граѓаните, кажа по средбата Трипуновски.

Заменскиот министер ги пренесе полаките на земјоделците од Карбинско, кои изјавиле дека нема целосна исплата на земјоделските субвенции за млеко, ниту пак биле исплатени за предаденото млеко од одредена млекарница.

Трипуновски пред земјоделците изјави дека тој е гарант за нив во техничката влада, кој ќе ги штити нивните права и интереси.