Во секташки ритуал во Панама убиени седум лица – ММС
ММС

Објавено на: 01/17/20 11:24 AM

Во секташки ритуал во Панама убиени седум лица

Тела на седум лица беа пронајдени во масовна гробница контролирана од религиозна секта во Панама.

Според обивинителството, на местото на инцидентот биле пронајдени голи мажи и жени, ножеви и мачети. Меѓу починатите е и една бремена жена и пет нејзини деца, а полицијата ослободила 15 заробени лица.

Властите се сомневаат на ритуални обреди, во кои луѓето биле малтретирани, горени и сечени, со цел да се покаат за своите гревови.

Станува збор за релативно нова религиозна секта наречена „Ново божјо светло“. Десет лица се уапсени под сомнение за убиство.