Сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Максималната температура се очекува да достигне до 12 степени. Ваква е прогнозата на УХМР за денеска.
Утре по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во недела ќе преовладува променливо облачно време, на повисоките места и планините со повремен локален снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува стабилно време со слаб до умерен северозападен ветер.



