На 15.01.2020 околу 13.20 часот на ул.„Косовска“ во Штип, полициски службеник од Полициската станица Штип при преземање на службени дејствија во врска со пријавено кривично дело „насилство“, бил спречен во извршување на службени задачи од страна на С.Д.(47) од Штип, кој му упатувал сериозни закани дека физички ќе го нападне.
По преземени мерки С.Д. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Штип. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.