Во сообраќајката кај Пуста Кула возило удрило во камион, повредената жена во тешка состојба – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/20 1:12 PM

Во сообраќајката кај Пуста Кула возило удрило во камион, повредената жена во тешка состојба

Во многу тешка состоба, со скршеници на главата и крварење, е жената која беше донесена на Клиниката за трауматологија во Скопје по сообраќајката што се случи утрово кај Пуста Кула.

Како што велат за МИА од Ургентниот центар при Хируршките клиники во Скопје, жената била примена во кома. Направено и е компјутерско снимање и се преземаат мерки за санирање на нејзината состојба.

МИА дознава дека жената била во возилото со уште двајцата повредени, таткото и десетгодишна ќерка кои по несреќата се пренесени во велешката Општа болница. Возилото, според првичните сознанија, директно удрило во камион.

СВР Велес ги утврдува причините за сообраќајката кај Пуста Кула на автопатот Велес – Скопје во која беа вклучени шест возила, а има тројца повредени.