Пратеникот од ХДЗ во парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина Никола Ловринивиќ на седница се пожалил дека хрватскиот јазик не е доволно застапен во Федерацијата БиХ, а притоа го коментирал и името на тунелот „1 Март“ на автопатот од Сараево кон Зеница, барајќи да се вика и „1 Ожујак“.
„Тунелот е јавен објект и името мора да му биде напишано на сите три службени јазици“, истакнал Ловриновиќ.