Албанскиот го тужи косовскиот премиер за клевета – ММС
ММС

Објавено на: 01/16/20 8:49 AM

Албанскиот го тужи косовскиот премиер за клевета

Албанскиот премиер Еди Рама поднесе во Основниот суд во Приштина тужба за клевета против косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај за наводна размена на територија. Доцна синоќа Харадинај возврати и рече дека Рама бега од одговорност.

Албански медиуми синоќа пренесоа дека тужбата била напишана на повеќе од 30 страници и оти во неа се наведува дека Харадинај во неколку ТВ емисии во октомври минатата година го „обвинил Рама дека со Хашим Тачи и Александар Вучиќ покренал идеја за размена на територија меѓу Косово и Србија“.

„Тужбата на премиерот Рама е целосно неосновна и негова политичка диверзија како да се сокрие и со медиумска драма да избегне одговорност. Нашиот народ и Косово имаат луѓе кои ќе бидат браник во секој случај – напишал Харадинај синоќа на Фејсбук.