Рускиот премиер Дмитри Медведев поднесе оставка, откако претседателот Владимир Путин предвиде серија уставни амандмани со цел јакнење на парламентот на сметка на претседателската функција.
Предлогот на Путин дојде за време не неговото редовно годишно обраќање до нацијата во Москва, при што ги навести намерите да го заштити влијанието врз државата кога неговиот актуелен и конечен мандат истекува по четири години.
Според руски медиуми, Путин го номинирал шефот на даночната служба Микхаил Мишустин како нов преоден премиер.
„Има сериозни промени во политичкиот систем“, изјави Путин и ги претстави предлозите.
Медведев издаде соопштение набрзо потоа.
„Во овој контекст, владата на Руската Федерација, треба да му овозможи на претседателот да има можност да ги преземе сите неопходни одлуки во оопределени услови“, рече Медведев.