И покрај сушниот период Хидроенергетскиот систем „Маврово” лани го надмина планираното производство на електрична енергија – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/20 5:02 PM

И покрај сушниот период Хидроенергетскиот систем „Маврово” лани го надмина планираното производство на електрична енергија

И покрај сушниот период Хидроенергетскиот систем „Маврово” лани го надмина планираното производство на електрична енергија.

За лани биле предвидени 394 милиони и 388 илјади киловат часови струја, а хидроцентралите во склоп на ХЕС „Маврово” произвеле над 419 милиони. 

За оваа година планирано е мавровските хидроцентрали да произведат 311 милиони киловат часови.

Мавровскиот хидроенергетски систем со трите централи „Вруток”, „Равен” и „Врбен”  се со вкупна акумулација од 277 милиони m3 вода.

Зоран Димовски