Во Јегуновце беше отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјални работи Тетово која ќе дава услуги и на останатите рурални општини. Целта е ваквите канцеларии да бидат што поблиску до граѓаните.
Со подрачните канцеларии ќе се растеретат гужвите во Центарот за социјални работи Тетово, а услугите од оваа институција ќе бидат подостпани и поблиску до жителите од руралните општини. Интенцијата е да се отворат 50 вакви канцеларии ширум државата.
Подрачната канцеларија е сместена во објект во близина на зградата на Општина Јегуновце.
Во објектот каде е сместена подрачната канцеларија на центарот, лоцирано е и подрачното одделение на Агенцијата за вработување Тетово. Целта е институциите на државно ниво да се децентрализираат и во општини од руралните средини.
Зоран Димовски


