Во Јегуновце беше отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјални работи Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/20 4:33 PM

Во Јегуновце беше отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјални работи Тетово

Во Јегуновце беше отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјални работи Тетово која ќе дава услуги и на останатите рурални општини. Целта е ваквите канцеларии да бидат што поблиску до граѓаните.

Со подрачните канцеларии ќе се растеретат гужвите во Центарот за социјални работи Тетово, а услугите од оваа институција ќе бидат подостпани и поблиску до жителите од руралните општини. Интенцијата е да се отворат 50 вакви канцеларии ширум државата.

Подрачната канцеларија е сместена во објект во близина на зградата на Општина Јегуновце.

Во објектот каде е сместена подрачната канцеларија на центарот, лоцирано е и подрачното одделение на Агенцијата за вработување Тетово. Целта е институциите на државно ниво да се децентрализираат и во општини од руралните средини.

Зоран Димовски