16 годишниот тетовец Орхан Багашов работи на изработка на Бионичка рака наменета за лица со ампутирана подлактица. Оваа рака како што вели младиот иноватор има за цел да да ги замени ортопедските помагала кои се доста поскапи.
Бионичката рака е дизајнирана за да може секој во домашни услови да ја изработи. Останува да се вградат уште два прста и сензорите за движење.
Пред да започне да ја работи бионичката рака Багашов работел на изработка на 3Д принтер, што е еден од предусловите да започне да работи на раката
За 3Д принтерот Багашов има добиено голем број признанија како и домашни и странски награди за иновација.
Зоран Димовски


