Весниците во светот живеат: „Њујорк тајмс” го мина прагот од пет милиони претплатници – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/20 1:21 PM

Весниците во светот живеат: „Њујорк тајмс” го мина прагот од пет милиони претплатници

Весникот „Њујорк тајмс” ја мина границата од пет милиони претплатници, од кои 3,4 милиони се на неговото интернет-издание, соопштија денеска од американскиот весник.

Во текот на 2019 година весникот добил дополнителни милион претплатници само за своето интернет издание, што е рекорд на „Њујорк тајмс”, кој својата онјалн понуда со наплата ја почна во 2011 година

Весникот сега има 3,4 милиони претплатници само за своето интернет издание, речиси еден милион за печатеното издание, а остатокот се за специјализираните изданија, како што се платформата за готвење и крстозборката.

Цел на весникот е до 2025 година да достигне 10 милиони претплатници, од кои два милиона во странство.

„Њујорк тајмс”, исто така, денеска соопшти дека ја достигна целта од 800 милиони долари промет за интернет изданието, една година пред планот.