Мечето на кое минатата пролет му беше отстрелана мајката од криволовци, остана да живее и сега да зимува на планината Озрен кај Добој, но не во некоја пештера, туку покрај топла печка. Тоаи понатаму е милениче во базата на параглајдери „Парагост“.
Мечето Маша наполни девет месеци и израснува во вистинска мечка, но и понатаму е „детинесто“ во однесувањето, па ги развеселува децата што го посетуваат со своите родители во овие зимски денови. Маша знаела да упадне и во колиби во кои зимуваат туристи, да трча со нив по замрзнатото езеро.
„Освен што знае каде го чувам клучот за храната за неа во колибата, Маша научи и многу други работи. Се качува по дрвја, си игра со кучињата, шета низ шумата, но не оди многу далеку од базата, омилен и’ е кексот, иако во последно време гравот го преземе приматот кај неа“, раскажува за белградски „Новости“ Петар Тубиќ, претседател на параглајдерскиот клуб.
Додал и оти се планира за Маша да се направи специјално живеалиште зашто растела многу брзо, па се менувале и нејзините потреби.