Откако младата финска премиерка Сана Марин неодамна изјави дека планира да ја скрати работната недела на четири дена во кои ќе се работи по шест часа, сега и Данците иницираат расправа за скратување на работното време, односно за воведување четиридневна работна седмица. Резултатите од веќе спроведената анкета на Агенцијата за статистика покажале дека 16 отсто од вработените Данци ја поддржуваат идејата за скратено работно време. Седум отсто од анкетираните, пак, изјавиле дека сакаат да работат подолго отколку сега.
Инаку, работната седмица во Данска сега трае 37,5 часа.