Уапсено лицето кое го снимило и објавило видеото од уривањето на украинскиот авион кај Техеран – ММС
ММС

Објавено на: 01/15/20 10:07 AM

Уапсено лицето кое го снимило и објавило видеото од уривањето на украинскиот авион кај Техеран

Иранската револуционерна гарда го уапсила лице кое минатата недела на интернет ја објави видео снимката од ракета што го погоди  украинскиот патнички авион во Иран, објавила новинската агенција Фарс, а пренесува „Ројтерс“.

Револуционерната гарда ја презеде одговорноста за ракетниот напад што доведе до соборување на авионот и убиство на сите 176 патници и членови на екипажот. Украинскиот патнички авион бил погоден со две ракети.