Денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со максимална температура од 14 степени. По котлините претпладне ќе се задржи облачно и магливо. Ваква е прогнозата на УХМР за денеска.
Времето во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. До петок на планинините и на повисоките места ќе провладува сончево и релативно топло време. Слаб до умерен северен ветер ќе има в четврток, а поветровито се очекува да биде од недела.



