Избегнувајте шетање со деца по магла – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/20 4:04 PM

Избегнувајте шетање со деца по магла

Ако живеете во град, маглата не е најдобро време да шетате со вашето бебе или дете. Високото ниво на загадување на воздухот во никој случај не може да влијае позитивно врз бебињата. Подобро почекајте маглата да се издигне, а до тогаш најдете некоја занимација дома.

Обрнете посебно внимание да не излегувате по магла ако вашето дете е склоно кон респираторни проблеми или има некоја хронична болест на респираторниот систем, како што е астма или бронхитис. Во тој случај, не заборавајте да се консултирате со педијатар како да се однесувате.

Поради маглата, кај хроничните пациенти може да дојде до влошување на состојбата, а кај здравите пациенти може да се очекуваат инфекции придружени со долга кашлица.

Ако, од друга страна, живеете во средина каде што нема многу извори на загадувачи на воздухот, не сте во исто толкава опасност како луѓето во градот, но не треба да се опуштате премногу. Во селата, луѓето главно се загреваат на јаглен или дрво, и загадувањето и чадот на тој начин се испуштаат во атмосферата.

Шетањето со бебе додека надвор има магла треба да се избегнува. Меѓутоа, ако веќе мора да излезете надвор, потрудете се престојот на воздух да го сведете на минимум. Децата треба да бидат облечени на ист начин како да ги облекувате кога не е магла, можете да ставите еден слој облека над носот и устата на бебето или да користите зимска заштита за количка.

Извор: denar.mk