Штипскиот полициски билтен за вчерашниот ден има испишано три пријави за физички напади.
Во 13:20 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 08:30 часот во модна конфекција бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.Џ и Д.Џ, двајцата од Штип. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во 19:40 А.П (36), пријавил дека на ул .Генерал Михајло Апостолски бил физички нападнат од А.М од Штип кој му одзел и пари.
Околу 21:00 часот во СВР Штип, С.К (55) пријавил дека на ул. „Брегалничка“ едно лице со метален предмет физички го нападнало и заедно со друго лице се обидувале да му го одземат акумулаторот од неговото патничко возило „опел кадет“.
Од СВР Штип известуваат дека се работи на расчистување на случаите.