Хрватска вложува 3.5 милјарди евра во пруги и нови возови – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/20 12:04 PM

Хрватска вложува 3.5 милјарди евра во пруги и нови возови

Хрватска вложила над десетина милијарди куни во градење автопати, а сега на ред дојдоа железничките пруги.
Свети Иван Жабно – Гредец, првата нова пруга во последните 52 години во Хрватска, беше отворена кон крајот на минатата година, а 258 милиони куни, колку што е вложено во градење на пругата, е само еден мал дел од инвестицискиот циклус од 3,5 милијарди евра кој е почнат во железниците, пишува „Вечерњи лист“.

Вкупната должина на железничките пруги со кои управува Хрватската железничка инфраструктура (ХЖИ) изнесува 2.617 километри.
Од нив 2.343 километри се едноколовозни пруги, а 274 се двоколовозни.

Според податоците  на ХЖИ, електрифицирани се 980 километри мрежа. Во наредните десет години, и тоа главно со помош на ЕУ фондови, тоа значително ќе се промени.

Хрватска на тој начин во 2030 би требало да има и до 681 километар двоколовозни пруги и 1.022 километри електифицирани пруги. Така должината на пругите со два коловоза треба да се зголеми за 361 или 407 километри.

Проектираните брзини за новите пруги се 160 километри на час, а на нив ќе може да возат товарни возови долги 750 метри и патнички од 400 метри.

На новите пруги ќе возат и нови возови. ХЖ Патнички превоз досега договори набавка на 28 нови возови со максимална брзина од 120 км/ч. Притоа, набавката на 21 воз ќе се финансира со 1.1 милијарди куни неповратни средста, а другите 19 со кредит од Светска банка и Еврофим.