Европската комисија размислува забрана за користење на пластични кеси и подготвува нови барања за производителите.
„Сакаме да ги прошириме правилата за пластика за еднократна употреба и во моментов истражуваме во која насока тоа би било можно. Важен чекор, на пример, би бил да се забрани пластична амбалажа или да се пропише употреба на рециклирана пластика“, изјави еврокомесарот на ЕУ за заштита на животната средина, Виргиниус Синкевичис во интервју за германскиот весник Die Welt.
Новата регулатива на ЕУ за пластика за еднократна употреба, го загрозува пазарот вреден 10 милијарди долари, при што полипропилен и полистирен се најекспонирани, посочува Bloomberg.
Директивата за еднократна употреба на пластика со која се забрануваат пластични производи како што се прибор за јадење, сламки, стапчиња за уши и некои садови, е донесена минатата година.
Европската комисија истражува и како производителите на производи, како што се гуми или козметика, би можеле да се обврзат на драматично намалување на микропластиката во нивните производи.
„Микропластиката е во нашата агенда. До крајот на годината, ќе направиме детален список на производи кои содржат микропластика или користат микропластика“, изјави Синкевичиус.
Извор: denar.mk