Група од триесетина ученици и двајца професори од Техничкото училиште во Гостивар изработија електромобил.
Дека наставата во средното техничко училиште не се состои во учење на лекции книги решавање на тестови покажаа триесетина ученици и двајца професори од оваа образовна институција. Тие заедно изработија електромобил.
Средношколците велат дека поминатото време во изработката им било едно од најголемите исуства.
Изработката на Електромобилот изнесувала околу 60 000 денари и е дел од проектот со наслов „Инклузивни партнерства во заедниците”.
Зоран Димовски


