Годинава во Велес, 9 улици ќе добијат нови водоводни лини и 3 улици каналзациони мрежи – ММС
ММС

Објавено на: 01/13/20 3:28 PM

Годинава во Велес, 9 улици ќе добијат нови водоводни лини и 3 улици каналзациони мрежи

Министерот Сугарески соопшти дека за добро подготвени проекти за изградба на улици и патшта, Општина Велес ќе може да обезбеди уште еден милион и 200 илјади евра од заемот што државата го доб од Светска банка.

Со старите азбестно цементни водоводни цевки ќе се збогуваат деновиве велешани кои живеат на улицата „8 Март”. Таа се наоѓа во новиот дел на Велес додека „Богдан Каракостев” во стариот. Останатите седум улици се наоѓаат во различни делови на градот. Нивните како и реконструкциите на канализационите мрежи на улиците „Јовче Чучук”, „Орце Шутев” и „Страшо Пинџур” преку проекти општината ги обезбеди од Министерството за транспорт и врски.

– Денеска со градоначалникот Коцевски сме на увид на реализација на проектите што општината ги има доставено до министерството. Станува збор за проекти кои се наменети за водоводни линии, во должина од 4 км и за канализациони мрежи, во должина од 300 метри.Станува збор за проекти со вкупна вредност од над 600 илјади евра. Пред некој ден министерството со Светска банка склучи договор за заем наменет за поправки и изградби на локални патишта од кои на Општина Велес и следува сума од 1.200.000 евра, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски

Ова се исклучително важни проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните

– Имаше чести дефекти, прекини на водоснабдувањето,имаа недоволен притисок во цевководите. Со нивната замена ќе се подобри водоснабдувањето од една а друга страна ќе се деблокира постапката за ставање на завршен асфалт на самите улици. Висината на проектот е над 625 илјади евра. Како што и претходно најавив ова ќе биде убедливо најдобрата инвестициска година за Општина Велес во која очекуваме реализација на најголеми капитални инвестиции, рече градоначалникот Аце Коцевски.

Проектот започна со реализација лани, на 19 ноември, и ќе се реализира во времетраење од 18 месеци. Средствата се од државата и од Европската Инвестициона Банка.

Изведувач на градежните работите е фирмата „Делта пром инг” ДОЕЛ Велес, а надзорот над изведбата го врши Градежен Институт Македонија АД  Скопје.

Убавка Јаневска