Кавадарчанецот ШемоДестанов кој е слеп, заедно со својата сопруга Мирсана, струмичанка и четирите свои деца, десетина години патуваат од град во град. Живеат во напуштени објекти. Од Кавадарци се преселиле во Неготино, сега моментално се во Струга. Ладните денови велат ги минуваат на улица. Тој не е способен да работи поради загубениот вид. Сопругата се грижи за него и за четирите деца на возраст од 12, 15, 16 и 20 години
Шемо ја раскажа својата судбина за канал 77 и апелира институциите и хуманите граѓани да им помогнат.
„Надвор сме по улици. Живееме под ведро. Сме се обратиле по сите институции. Ги молиме граѓаните и институциите да ни помогнат да имаме кров над глава. Без дом сме десетина години. Ако имаме пари ќе одиме под кирија. Ако немаме пари излегуваме од кирија. Одиме во пошта да се затоплиме, а потоа пак надвор на студот. Имам еден звучник караоке, пеам по плоштади, па така обезбедувам по некој денар.“ вели Дестанов.
Тој раскажа дека новата година ја дочекале на депонија. Секој ден за него и семејството вели, носи нова неизвесност. Со алиштата во раце продолжуваат во друг град, со надеж дека можеби ќе наидат на подобри услови и цели десетина година тоа за нив било секојдневие.
Од Центарот за социјални работи во Кавадарци дознаваме дека Дестанови биле корисници на парична помош и нега пред четири години. Откако се преселиле во Неготино предметот бил испратен во тамошниот центар. И покрај тоа што редовно земале помош од државата тие не останувале да живеат во Кавадарци и веќе подолго време не биле во овој град. Еднократна помош имале добиено и од општина Кавадарци.
Ангел Данов


