76 годишен пешак бил прегазен од малолетник кој управувал автомобил без положен возачки испит. Сообраќајката се случила на регионалниот пат Тетово – Камењане.
Пешакот од Камењане веднаш бил префрлен во тетовската клиничка болница каде лекарите констатирале смрт.
Многу често при сообраќајните контроли се регистрираат лица кои возат без положен возачки испит. Или во бројки на дневна основа има над 5 лица кои управуваат возило без положен возачки испит, велат од СВР Тетово.
Полицијата и јавното обвинителство имаат извршено увид на лице место и работаат на целосно расветлување на случајот.
Зоран Димовски


