Владата на австралиски Нов Јужен Велс деновиве поведе акција во која се вклучени повеќе авиони, со цел за спасување на преживеаните животни во пожарите што речиси три месеци беснееја во таа голема земја, а во кои загинаа и стотици илјади животни, меѓу кои и ретки видови.
Од aвиони им се фрла храна на преживеаните животни, а досега, покрај дугото, им се фрлени 2.200 килограми свежи моркови. Министерот за животна средина Мет Кин рече дека многу животни успеале да се спасат и да избегаат од пожарите, но сега се наоѓаат надвор од своите домови во непознати предели во кои немаат пристап до храна.


