Боснаскиот туристички и ски-центар Ростово, сместен помеѓу Нови Травник и Бугојно, неодамна го презеде нов сопственик од Катар.
„Ни’ дојдоа некои нови сопственици. Сега не точиме алкохол, па речиси сите гости ги откажаа резервациите. Поради тоа, немаше ни организиран дочек на Новата година“, пренесува изјава од вработени „Хајат.ба“.
Новиот сопственик од Катар управувањето со ски-центарот го презел во ноември. Во рамките на туристичкиот центар, кој е отворен во 1984 година за потребите на Зимските олимписки игри во Сараево, се наоѓаат хотелот „Ростово“ и етноселото „Бабиќи“.