Македонија загуби од Чешка со 27:25 во второто коло од Европското првенство во Виена. Во неизвесен меч полн со пресврти, Македонија немаше сила да стигне до победа што ќе ги однесеше меѓу најдобрите 12 во Европа. Во последните две и пол минути се влезе со резултат 24:24, но потоа Чешка даде два погодоци за 26:24. Лазаров намали на еден гол, но Чешка повторно погоди на 23 секунди до крајот и беше јасно кој е победник.
Во вторник Македонија ќе го игра клучниот меч против домаќинот Австрија кој треба да реши за место во главната фаза.
Против Чешка, капитенот Кирил Лазаров со 10 гола беше најефикасен кај Македонија, а Манасков постигна пет погодоци. Голманот на Чешка, Мартин Галија беше прогласен за најдобар играч на мечот, што доволно за неговата блескава игра.


