АКО: ФБ страницата на Централен регистар е креирана од заканувачот Емил Јакимовски – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/20 4:06 PM

АКО: ФБ страницата на Централен регистар е креирана од заканувачот Емил Јакимовски

По денешните постови на ФБ страницата на Централен регистар на која се напишани пораки против директорката, Марија Бошковска Јанковски, таа на нејзиниот ФБ профил обелодени дека истата е креирана од нивниот вработен, член на ВМРО ДПМНЕ, уште пред 10 години.

,,Сакаме да Ве информираме дека фан страната на социјалната мрежа Фејсбук на Централен регистар на Република Северна Македонија е хакирана.
Затоа Ве молиме објавите кои ќе бидат постирани на таа страница да ги игнорирате, бидејќи содржините на истата не се став на Централен регистар на Република Северна Македонија.
Во моментот се изработува нова фан страна за која медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени.
Воедно страницата е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност.
Централен реистар на Република Северна Македонија се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страницата на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие.
Овој случај исто така ќе биде пријавен до секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваме апел истражните органи да го испитаат“-соопшти таа, но и натаму истото лице пшродолжи со пстови во кои ја дискредитира својата претпоставена.

Нејасно е како една сериозна државна институција се потпира на вакви аматерски решенија на ФБ страници и зошто досега не е реагирано.

Емил Јакимовски со месеци е на боледување, па не може да се спроведе дисциплинската постапка против него.

И овој момент е за чудење, бидејќи не е јасно врз која основа му се издаваат боледувањата.

Емил Јакимовски е член на ВМРо ДПМНЕ, но партијата се огради од него по последните закани кон новинарката Мери Јордановска.

Тој се заканувал и на Митко Јанчев, градоначалник на Куманово, како и на актуелната директорка на ЦР.

Беше апсен за кражба на бензинска пумпа.

АКО.мк