Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски попладнево закажа прес-конференција во врска со аудио снимката објавена денеска на порталот „Економски лидер”.
Прес-конференцијата, како што информира Кабинетот на Димковски, ќе се одржи во Министерството, во 15:15 часот.
Аудио снимката на „Економски лидер” е наводно разговор помеѓу Томе Мојсовски, советник на министерот Димковски и лице вработено во Инспекторатот во Охрид. На неа се слуша како Мојсовски „го уценува” инспекторот од Охрид да укине одредена концесија, а ако не го стори тоа да си поднесе оставка.
миа