Во Тетово не профункционира лизгалиштето и по еден месец откога е поставено – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/20 1:56 PM

Во Тетово не профункционира лизгалиштето и по еден месец откога е поставено

Од вкупно седум лизгалишта за кои Агенцијата за млади и спорт плати 227 000 евра, шест се пуштени во употреба, а само едно во Тетово веќе еден месец стои монтирани и нефункционално во центарот на градот, или поточно на градскиот плоштад.

Лизгалиштето беше монтирано на средината од декември минатата година. За време на новогодишните празници тоа беше оштетени од употребата на пиротехничките средства, при што беше изгорена инсталацијата. Но и по речиси две недели штетата не е санирана. Граѓаните бараат што поскоро да се пушти лизгалиштето, кое ќе биде единствено катче за забава на младите во зимските месеци од годината.

Од Агенцијата за млади и спорт, велат дека тие дале пари за лизгалиштето, но според договорот општината требала да го чува и одржува. Оттаму се надеваат дека дефектот ќе биде саниран и во текот на месецов лизгалиштето ќе биде пуштено во употреба.