Тешка сообраќајна несреќа кај Студеничани – 5 лица со тешки повреди од кои едно дете – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/20 11:59 AM

Тешка сообраќајна несреќа кај Студеничани – 5 лица со тешки повреди од кои едно дете

На 11.01.2020 во 07,40 часот во атар на с.Студеничани-Скопје во близина на гробиштата, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Б. (38) од с.Морани-Скопје, и патничко моторно возило ,,мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (21) од с.Студеничани.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Р.Б. и сопатникот И.И. (41) од с.Студеничани. Со повреди се здобиле и другиот сопатникот во „голф“ А.А. (45) од с.Студеничани, како и возачот на ,,мерцедес“ М.Н. и неговите сопатници О.Н. (22) и Н.Н. (7), и двајцата од с.Студеничани.Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.