Денеска претпладне на булевар.„ЈНА“ во штипската населба „8 Ноември“, во стан на поткровје во колективна станбена зграда, сопственост на Д.П., од засега непознати причини избувнал пожар. Во станот бил пронајден мртoв неговиот соптсвеник. Пожарот е изгаснат од страна на ТППЕ-Штип.
Ова е трета жртва од пожар за 24 часа во Македонија, откако вчера во пожар во скопско Шуто Оризари загинаа две малолетни деца.


