МВР Билтен – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/20 11:48 AM

МВР Билтен

На 10.01.2020 во 19 часот во близина на Скопски саем од страна на полициски службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога направен е претрес кај М.К (27) од Скопје, при што пронајдена е прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот Законик на РСМ ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

На 10.01.2020 во 15,55 часот од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица” и полициски службеници од Република Чешка и Австрија, при контрола на товарен воз кој на Железничката станица Гевгелија пристигнал од Република Грција во 15,25 часот, откриени биле 42 илегални мигранти од кои 38 од Мароко, двајца од Сирија и двајца од Алжир. Тие биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

На 10.01.2020 во 19.00 часот при контрола на товарен воз кој пристигнал од Република Грција од страна на полициски службеници од полициската станица „Богородица” и полициски службеници од Република Чешка и Република Хрватска биле откриени 20 илегални мигранти од кои осум од Пакистан, седум од Авганистан, три од Мароко и двајца од Алжир . Тие биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија.

На 10.01.2020 во 21.30 часот на ул „Орце Николов” во Скопје поради основано сомнение по чл. 215 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори,, лишено од слобода е лицето Х.А (24) од Мароко, кај кого е пронајдена марихуана.

На 10.01.2020 во 22.30 часот на ул.Тодор Александров бб- Скопје лишено од слобода е лицето К. Ф(28) од Скопје, кај кого е пронајдена марихуана. На 10.01.2020 во 22.45 час. На ул. Кеј 13-ти Ноември бб- Скопје лишено од слобода е лицето А.А(21)од Тетово, кај кого е пронајдена марихуана.

На 10.01.2020 околу 12,20 час на магистралниот пат А2 Гостивар-Кичево во непосредна близина за влез во село Зајас се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ,,цитроен” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р(50) од Белград излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево, се здобила сопатничката од возилото С.Д (70) од Куманово.

На 10.01.2020 во 15.30 во Прилеп на крстосницата од ул. ,,Прилепски бранители” и ул.,,Трајко Тарцан” се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило ,,ДФМ,, со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.С (60)од Прилеп удрило во Д.И (67) од Прилеп. По ударот К.С. ја пренел Д.И. во ИМП-Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

На 10.01.2020 околу 14,00 часот во Скопје на ул.„Брсјачка Буна”бб, во куќа сопственост на Р.А. (29) избувнал пожар во кој целосно изгорела неговата куќа, а биле зафатени три соседни куќи. Со возило на Итна медицинска помош кон медицинските центри за укажување лекарска помош биле транспортирани пет лица. Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Во опожарената куќа биле пронајдени изгорени две тела- деца на сопственикот на куќата Р.А.

Скопје, 11 јануари 2020 (МИА) – На 10.01.2020 во 19 часот во близина на Скопски саем од страна на полициски службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога направен е претрес кај М.К (27) од Скопје, при што пронајдена е прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот Законик на РСМ ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.