Пештерски човек: Зеничкиот Робинзон Крусо доби камп-приколка, но нема да ја напушти пештерата – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/20 9:51 AM

Пештерски човек: Зеничкиот Робинзон Крусо доби камп-приколка, но нема да ја напушти пештерата

 

Жарко Хргиќ (64) или Робинзон Крусо од Зеница, кој веќе девет години живее во пештера, на подарок од иселени граѓани од Босна и Херцеговина во странство доби камп-куќичка, а тоа, секако, го израдува, пишува сараевски „Аваз“.

„Нема да ми биде лесно да се навикнам да живеам во камп-куќичката зашто со пештерата се сродив. Планирам во камп-куќичката да приготвувам јадење, а ноќе на спиење пак ќе се селам во пештерата. Не се враќам во цивилизацијата“, вели Хргиќ.

И на овие минусни температури Жарко во пештерата не пали оган. За среќа, во овие девет години пештерски живот никогаш не се разболел за да оди на лекар.

„Следната година ќе наполнам 65 години и стекнувам право на пензија, па и за мене ќе дојдат подобри времиња“, оптимист е Жарко.