Време: Денеска и утре променливо облачно со слаби врнежи, во следните денови стабилно – ММС
ММС

Објавено на: 01/11/20 7:30 AM

Време: Денеска и утре променливо облачно со слаби врнежи, во следните денови стабилно

 

Според УХМР, денеска времето ќе биде претежно облачно. На пониските места ќе има повремен локален дожд, а на планините и на некои повисоки места ќе паѓа снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.