Скопјанец осомничен за малтретирање на невенчаната сопруга и нејзината тригодишна ќерка – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/20 7:46 PM

Скопјанец осомничен за малтретирање на невенчаната сопруга и нејзината тригодишна ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Тешка телесна повреда од чл.131 ст.2 во врска со ст.1 и Запуштање и малтретирање дете по чл.201 ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 7 јануари, во домот на ул. „Вашингтонска“ во Скопје, при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно повредил една оштетена со која живеел во вонбрачна заедница. По претходна вербална расправија, тој започнал да ја удира со тупаници во пределот на лицето, а потоа со тврд предмет – парче дрво замавнал и ја удрил по главата и телото. Потоа насилно ја турнал оштетената на подот и продолжил со клоци да ја удира по стомакот, нанесувајќи и тешки телесни повреди. Додека оштетената се обидела да повика помош, тој се приближил кон нејзината 3-годишна ќерка и со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување како очув, започнал да ја удира со дрвен предмет по телото, да ја гризе и да и ги става рацете на шпоретот, со што и нанел тешки телесни повреди.

Со оглед на тоа надлежниот јавен обвинител утврди дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.