Грчки зимски бизнис: Продаваат снежни топки за половина евро – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/20 11:08 AM

Грчки зимски бизнис: Продаваат снежни топки за половина евро

Грците од туризмот одлично заработуваат лете, но, изгледа тоа им е малку, па се обидуваат да заработат нешто повеќе и зиме. Во центарот на Ксанти деновиве е фотографиран камионет полн со снег со натпис на картон – една снежна топка половина евро.

Фотографијата ја објавија повеќе грчки медиуми, со коментари дека во Ксанти снег досега немало, па ова било „деловен дух на грчки начин“ или „идејата е одлична, сигурно ќе ја прифатат и други, но тогаш, поради конкуренцијата, цената на снежна топка сигурно значително ќе опадне“. Други, пак, сметаат дека се работи за шега.