Цел Нови Сад во ред за влезница за концерт на Балашевиќ – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/20 11:04 AM

Цел Нови Сад во ред за влезница за концерт на Балашевиќ

Ѓорге Балашевиќ, популарниот кантавтор од Нови Сад, ќе одржи концерт во својот роден град на 19 јануари, а неговите многубројни фанови во непрегледно долги колини чекаат ред за влезница. Ако се проценува по фотографиите од колоните што ги објавуваат некои српски медиуми, изгледа ќе нема новосаѓанин што нема да биде на концертот.

Балашевиќ, кој уште е популарен и на екс-југословенските простори, во текот на минатата година имаше сериозни здравствени проблеми. Сега бил закрепнат и веќе одржал концерти во Загреб и во Осиек.