Анкета: Албанците повеќе сакаат обединување на Албанија и Косово од Косоварите – ММС
ММС

Објавено на: 01/10/20 10:57 AM

Анкета: Албанците повеќе сакаат обединување на Албанија и Косово од Косоварите

Неодмнешната анкета што ја спроведоа Косовската фондација за отворено општество (КФОС) и Фондацијата отворено општество за Албанија (ОСФА) како фокусно прашање го имаше ставот во врска со евентуално обединување на Албанија и Косово, пренесува „Коха диторе“.

На прашањето како би гласале кога би се одржал референдум за обединување на Албанија и Косово, во Албанија „за“ би гласале 74,8 осум отсто од анкетираните, а на Косово 63,9.

Меѓу оние што не сакаат обединување повеќето биле граѓани од урбаните средини и во Албанија и на Косово.