Вицепремиерот на Кина оди во САД да потпише примирје во трговската војна – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/20 3:42 PM

Вицепремиерот на Кина оди во САД да потпише примирје во трговската војна

Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека вицепремиерот на Кина, Лиу Хе ќе отпатува во Вашингтон за потпишување на прелиминарен договор.

Тој договорот треба да означи примирје во кинеско-американска трговска војна.

Вицепремиерот на кинеската влада ќе биде во Вашингтон од 13 јануари до 15 јануари.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 31 декември објави дека на 15 јануари во Белата куќа ќе биде потпишан првиот дел од трговскиот договор со Кина.

Договорот е постигнат по неколкумесечни преговори и воведување на царински давачки. Трамп изјави дека во текот на 2020 година ќе го посети Пекинг, каде би требало да започнат преговори за фазата 2 од трговскиот договор.

Извор: denar.mk