Во ракетен напад врз воена база во северниот дел на Мали повредени се 20 луѓе, меѓу кои 18 припадници на мировните сили на ОН.
„Шестмина мировници од мисијата МИНУСМА се тешко повредени во нападот“, изјавил портпаролот на ОН, Оливие Салгадо.
Станува збор за база во регионот Кигал што ја користат силите на ОН, Франција и на Мали.Засега никој не презел одговорност за нападот.