САД: Претставничкиот дом ќе гласа за ограничување на воената моќ на Трамп – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/20 12:40 PM

САД: Претставничкиот дом ќе гласа за ограничување на воената моќ на Трамп

Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на Демократската партија, денескаќе гласа за ограничување на правата на претседателот Доналд Трамп да презема воени акции против Иран откако многу претставници во тоа тело рекоа дека не се задоволни од објаснувањето на Белата куќа за нападот врз иранскиот генерал.

 

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, рече дека членовите на Конгресот имаат „сериозни и итни грижи“ за одлуките на администрацијата поврзани со Иран. Со предлог- резолуцијата, Трамп би се обврзал да престане да ја користи американската војска во или против Иран освен ако Конгресот не прогласи војна или не одобри користење на сила кон Техеран.

 

Иранскиот генерал Касем Солејмани беше убиен во американски воздушен напад на 3 јануари во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, а иранските сили како одговор на убиството извршија ракетен напад на две бази со американски војници во Ирак.