Необична добротворка: Собрала 700.000 долари за опожарените во Австралија продавајќи свои разголени фотографии – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/20 11:15 AM

Необична добротворка: Собрала 700.000 долари за опожарените во Австралија продавајќи свои разголени фотографии

Кајлен Ворд тврди дека собрала 700.000 долари за бирба против пожарите во Австралија така што ги нудела своите разголени фотографии во замена за донации.

„Секој што ќе донира најмалку десет долари за австралиските доброволни друштва, ќе добие мои голи фотографии“, напишала таа.

Не очекувала толку голем одѕив. Се надевала дека ќе собере околу 1.000 долари. Но, нејзината понуда на Твитер „експлодирала“, ма мрала да ангажира екипа од четворица луѓе за да ги проверуваат илјадниците испратени пораки.