Tрагедија: За миг збришано и цело шведско семејство во несреќата на украинскиот авион во Иран – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/20 11:08 AM

Tрагедија: За миг збришано и цело шведско семејство во несреќата на украинскиот авион во Иран

 

Украинскиот авион што завчера се урна кај Техеран ожалости многу семејства во Канада, Иран, Шведска Украина… Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот. Загинаа и цели семејства, како шведското Линдербергс. Загинаа родителите Рахела (37) и Михаел (40) и нивните синови Ерик (9) и Емил (7). Пред младото семејство имаше многу сништа, кои престанаа за еден миг, прнесуваат агенциите…

Во несреќата загинаа 82 Иранци, 63 Канаѓани, 11 Украинци, десетмина Швеѓани, четворица Авганистанци, по тројца Британци и Германци. Меѓу жртвите имаше и 15 деца.