Во рангирањето на консултанстската компанија „Henley Partners“, врз основа на слободата на патувањата што ја озозможуваат, македонскиот пасош се најде на 47. место од 107 рангирани пасоши.
Земја со најпривлечен пасош е Јапонија, чии граѓани без виза можат да патуваат во 191 земја, а следуваат пасошите на Сингапур и на Германија.
Од поранешните југословенски републики, најдобро пласирана е Словенија, на 11. место. Хрватскиот пасош е рангиран на 20, српскиот на 39, црногорскиот на 44, македонскиот на 47 и босанско-херцеговскиот на 52, а малку заостануваат албанскиот на 54, косовскио на 54. место.


