Минатата 2019 година била најтопла година во Алјаска. Просечната температура на Алјаска била 0,1 степени Целзиусови, што е за 1,4 степени над долгорочниот просек, според годишниот извештај на Националната агенција за океани и атмосфера.
Во последните години, просечните температури во Алјаска се зголемуваат постојано, со рекордна топлина во четири од последните шест години. Во Енкореџ, најголемиот град на Алјаска, температурата во јули годинава првпат достигна 32,2 степени Целзиусови.
САД во изминатата деценија регистрираа временски непогоди и климатски катастрофи, што предизвикаа штета од 119 милијарди американски долари – двојно поголема од штетата од 59 милијарди во претходната деценија, пишува во извештај.