Златото на седумгодишен максимум поради тензиите на Блискиот исток – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/20 3:56 PM

Златото на седумгодишен максимум поради тензиите на Блискиот исток

Разгорувањето на тензиите на Блискиот исток, по убиството на иранскиот воен командант во американски воздушен напад на аеродромот во Ирак, ги вивна цените на златото на светските пазари на седумгодишен максимум.

Златото, кое се сметаше за безбедно пристаниште за инвеститорите во време на политички и економски превирања, скокна за околу 1,5 проценти, достигнувајќи во еден момент 1.579,55 долари по унца, што е највисока цена од април 2013 година, пренесува Reuters.

Уште еден скапоцен метал, паладиум, исто така зајакна со тоа што забележа рекордно ниво на цената од 2.011,48 долари за унца, додава британската агенција.

Извор: denar.mk