Сокови и чаеви за побрзо закрепнување на телото по прослава – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/20 3:54 PM

Сокови и чаеви за побрзо закрепнување на телото по прослава

Ако во изминатите денови премногу сте јаделе или пиеле, утрото започнете го со чаша вода во која додадовте сок од половина лимон. Лимонот ја стимулира елиминацијата на токсините и процесот на варење, и ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи од храната која ќе ја јадете за доручек.

Со доручек или помеѓу оброците т.е. 2 до 3 пати на ден, пијте билни чаеви по ваш избор, на пр. зелен чај, чај од ѓумбир, босилек, коријандер. Овие чаеви имаат корисен ефект врз функцијата на црниот дроб и ја зголемуваат неговата способност да ги отстрани токсините од телото.

Наместо меѓуоброк или вечера, можете да испиете и зелено смути, кое ќе ви обезбеди мноштво витамини, минерали и антиоксиданти, а притоа помалку ќе го оптерети дигестивниот тракт. Најдобро е да се комбинираат овошја како што се банани и јаболка, портокали, киви, бобинки и свеж зелен зеленчук, како што се спанаќ, блитва или кељ. За поблаг вкус, можете да додадете и бадемово или соја млеко или друго млеко по ваш избор.

Извор: denar.mk